Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Мојсоски за МИА: Во Идризово нема никакви индикации за коронавирусот, секој нов затвореник се става во изолација
Политика

Мојсоски за МИА: Во Идризово нема никакви индикации за коронавирусот, секој нов затвореник се става во изолација

март 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тројца лекари и четири медицински сестри се задолжени во моментов за здравствената состојба на над 1150 затворениците во најголемиот затвор во Северна Македонија, КПУ Идризово, во кој, како што нагласи за МИА директорот на затворот, Боби Мојсоски се преземени сите мерки за заштита на затворениците и на вработените поради состојбата со коронавирусот.

Управата за извршување на санкциите согласно владините препораки од 10 март годинава донесе забрана за контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет и презема мерки за одржување високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита, а Мојсоски за МИА потенцира дека затворските власти и неколку дена пред тоа ги презеле потребните мерки.

Секој новодојден затвореник се подложува на детален преглед, а потоа се изолира 14 дена, по што се внесува во затворскиот систем.

Мора да бидат крајно внимателни и подготвени за справување со ситуацијата, нагласува Мојсоски за МИА, додаваќи дека во затворот може да пристигнат и затвореници со ектрадиција.

Оваа недела немале таков случај, но минатата недела пристигнал затвореник од Србија и тој е во изолација.

Директорот на Идризово нагласува дека водат грижа и за вработените, работат со маски, има постојани дезинфекции во сите ќелии.

„Вчера имаше информација што не е основана за заболени затвореници од коронавирус, а јас можам да кажам за затворот Идризово дека во моментов немаме никакви индикации на коронавирусот. Ги презедовме сите мерки и предвреме, пред да дојдат сите забрани, забранивме посети, викенди, слободни видувања. Дозволени се само пакети да им се носат на затворениците со храна и со средства за хигиена“, вели Мојсоски за МИА.

Управата за извршување на санкциите денеска претходно ја демантираше информацијата за појава на заболени осудени и притворени лица од новиот коронавирус, кои се наоѓаат на издржување казна затвор и мерка притвор во казнено-поправните установи во нашата држава.

Управата преку соопштение реагираше на изјавата дадена од адвокатот Насер Рауфи на порталот „Журнал.мк“, а потоа истата прифатена и од порталот „Курир”.

Мојсоски за МИА истакна дека бројката на затвореници во ќелиите е во рамки на законот, е во нормала, нема пренатрупаност.

Вели сите капацитети се во функција.

Во новото полуотворено и отворено одделение има над 400 затвореници, а намален е и бројот на затвореници во зградата во затворениот дел.

„Луѓето се рамномерно распоредени во сите одделенија“, нагласи Мојсоски и додава дека во меѓувреме се набавени и далечински топломери, а температура се мери на секој затвореник и на секој вработен при доаѓање на работното место.

Во врска со здравствената заштита нагласува дека во затворот има затвореници со секакви заболувања и во итните случаи се реагира и тие се носат или во „Мајка Тереза“ или во „8 Септември“ со посебни комби возила со дезинфекција и заштитни маски.

„Во моментов имаме 24-часовна поддршка од Здравствен дом – Скопје, имаме доктори и ниту еден новодојден затвореник не се вклучува во системот, без претходно да биде изолиран“, додава тој.

Мојсоски потенцира дека во обезбедувањето на затворот и негово непречено функцконирање се ангажирани сите вработени, на минимален број се сведени само оние во делот на администрацијата и оние кои имаат деца до десет години.

Од Управата, денеска порачаа дека доколку во која било казненопоправна установа се појави случај со потврдена дијагноза од овој вирус, медиумите ќе бидат известени за истото и ќе се преземат мерки согласно со препораките.

актуелно идризово коронавирус Мојсоски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.