МТСП: Иванов покажува елементарно непознавање на Истанбулската конвенција

LinkSense.mk

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) порачува дека претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во денешно обраќање во Собранието покажал елементарно непознавање на Истанбулската конференција со тврдењето дека постојат одредени ризици со нејзината ратификација.

„Иванов е очигледно неинформиран дека Истанбулската конвенција во основа се бори против дискриминацијата и дека со ратификација на Конвенцијата, Владата се обврзува да го подобрува системот на превенција, помош, заштита и процесирање на случаите на насилство врз жените, вклучително и семејното насилство, без дискриминација врз кој било основ: пол, род, раса, боја, јазик, вера, политичко или друго мислење, се вели во реакцијата на МТСП на обраќањето на Иванов.