Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник и актуелен потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири е назначен за генерален секретар на Владата, потврдија за за МИА од владината прес служба.

Одлуката за тоа е донесена на денешната владина седница.

Мухамед Зекири доаѓа на местото на досегашниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.