Мјанмар од затвор ќе пушти илјадници политички затвореници

LinkSense.mk

Мјанмар ќе ослободи од затвор повеќе од 5.636 луѓе уапсени и осудени заради учество во протести против владеачката хунта, објави државната телевизија преку која водачот на хунтата, генерал Мин Аунг Хлаинг, рече дека владата работи на изнаоѓање на мир и обнова на демократијата.

Амнестијата е одлучена од хуманиутарни причини, се наведува во соопштението и се обвинуваат нелегални опозициски групи за поттикнување на немири.

Првиот човек на воената хунта и извршителот на ударот, Минг Аунг Хлаинг, ја бранеше денеска улогата на својата воена влада за која вели дека се обидува да ги врати редот и мирот, а за насилствата ја обвини опозицијата.

АСЕАН би требало тоа да го знае“, рече генералот во реакцијата на одлуката на Сојузот на држави од југоисточна Азија тој да биде исклучен од списокот на учесници на самитот кој ќе се одржи следната недела.

Во телевизиското обраќање, водачот на воениот удар повтпори дека хунтата спроведува чекори во процесот со кој сака да ја обнови демократијата, но за некои барања кои ги изнесе специјалниот пратеник на АСЕАН истакна дека не може да се преговара.

Тоа беше прва реакција на Мин Аунг Хлаинг на одлуката на АСЕАН од вчера да го исклучат од самитот од 26 до 28 октомври, на кој наместо него повикаа „аполитички претставник“ на Мјанмар.

АСЕАН, организација во која членуваат десет земји од регионот, на оваа мерка се одлучи затоа што воената хунта одби неколку барања за испраќање посебен претставник со кој би можело да се комуницира, особено за состанокот со поранешниот шеф на државата, Аунг Сан Су Кај, која со воен удар во февруари беше симната од власт.

Во соопштението стои дека не е постигнат „доволен напредок“ во спроведување на планот од пет точки прифатен во април, а кој требаше да придонесе за обнова на дијалогот во Мјанмар и да го олесни доаѓањето на хуманитарна помош.

Предводена од генералот Мин Аунг Хлаинг, војската на 1 февруари 2020 година изведе воен удар и со тоа го затвори десетгодишниот демократски период. Во крвавата воена репресија во Мјанмар, според податоци на локалната невладина организација – Здружение за помош на политички затвореници, убиени се повеќе од 1.100 луѓе, а 8.400 луѓе завршија во затвор.

 

 

 

(Фото: ЕПА)