Навални бил отруен во хотелската соба во Томск

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални на Инстаграм објави дека бил отруен со шише вода во хотелската соба во сибирскиот град Томск.

На Навални минатиот месец за време на летот од Томск за Москва му се слоши при што беше хоспитализиран во Русија, а потоа беше префрлен на лекување во Германија.

Според Германија, Навални е отруен со Новичок, додека Москва тврди дека не постојат докази за тоа. Претходно се претпоставуваше дека Навални е отруен на аеродромот во Томск.