НАДРЕАЛНИ СЦЕНИ! Гневни фудбалерки го „одраа“ судијата од тепање

LinkSense.mk

Ваква ситуација дефинитивно не се гледа секој ден, фудбалерки целосно полудеа поради одлука на главниот судија.

Арбитарот на натпреварот помеѓу ДЦМП Бикира и Мазембе, во рамки фудбалскиот шампионат на Конго за жени, лошо се проведе откако не досуди пенал за домашните кога резултатот беше 5:1 за гостинките.

Се чини дека цел тим го бркаше судијата, кој се обиде да извлече жива глава, но фудбалерките го стигнаа кај „куќичката“ за  делегатот.

Таму го опколија и го тепаа од сите страни.

Откако доби голем број удари со раце, но и со нозе, некако успеа, со помош на службено лице кое се најде во непосредна близина да дојде до тунелот кој води до соблекувалните.

Но, и таму некои фудбалерки го следеа и удираа со што ќе сатасаат.