Над 160 казни за возачи во Скопје

Полицијата вчера спроведе акција за откривање возачи кои ја пречекориле брзината на движење и кои упавувале под дејство на алкохол.

При тоа полицијата изрече над 160 казни.

Како што соопшти МВР, во времето од 06,00 до 24,00 во акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје санкционирани се 22 возачи кои ја пречекориле брзината.

При тоа откриени се и 49 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 28 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11/12.10.2019 во времето од 23,00 до 05,00 часот спроведе акциска контрола за откривање возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се 16 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол.

Откриени се и 25 останати прекршоци за кои се издадени осум мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози.

Вчера од 14,00 до 24,00 часот санкционирани се четирорица возачи на мотори, а откриени се и 52 останати прекршоци за кои се издадени 33 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.