Над 96 милиони лица во светот заразени од коронавирус, само во САД над 24 милиони

– Веб страницата „Worldometers“ пренесе дека од почетокот на пандемијата со коронавирусот во светот досега се потврдени вкупно 96.009.891 случаи, а 25.330.409 од нив во моментов се водат како активни.

Фатален крај од заразата досега имале вкупно 2.049.348 луѓе, а 68.630134 заздравеле.

Најголем број на потврдени случаи има во САД со повеќе од 24,6 милиони, Индија над 10,5 милиони, Бразил повеќе од 8,5 милиони, Русија речиси 3,6 милиони и Велика Британија – повеќе од 3,4 милиони.

Во последните 24 часа само во САД имаше речиси 400.000 новозарзени лица, соопшти  Универзитетот Џон Хопкинс.

Според универзитетот, во САД почетокот на епидемијата заразени се најмалку 24.018.793 лица, додека умреле 398.307, пренесе Си-Ен-Ен.

Според анализите на универзитетот, првите 12 милиони лица во САД се заразиле за 305 дена, додека заразувањето на вторите 12 милиони траело само 59 дена.