Напад во Франција: Полицаец избоден со нож – напаѓачот ранет

LinkSense.mk

Утринава во Кан полицаец е нападнат со нож и здобил убодни рани, соопшти францискиот министер за внатрешни работи, Гералд Дарманин.

Тој на Твитер напиша дека напаѓачот е „неутрализиран“.

Телевизијата БМФ јави, повикувајќи се на извор од полицијата, дека напаѓачот отворил врата на полициски автомобил кој се наоѓал пред полициска станица и со нож неколкупати го пробол полицаецот кој бил зад воланот. Потоа се обидел да го нападне и вториот полицаец во автомобилот, но нивни колега којшто се нашол во непосредна близина стрелал и го ранил напаѓачот.

Министерот Дарманин во објавата на неговиот Твитер профол информира дека веднаш ќе отпатува за Кан и ќе им пружи полна поддршка на припадниците на полицијата.

 

 

 

(Фото: ЕПА)