Напад на затвор: Убиен полицаец, ослободени терористи

Вооружена група нападна затворот во Бахреин, убиле еден полицаец и ослободиле неколку затвореници осудени за тероризам.

Министерството за внатрешни работи на Бахреин потврди дека напаѓачите го завзеле затворскиот центар за рехабилитација и ослободиле неколку осуденици.

„Убиен е полицаецот Абдул Салам Саиф, а побегнаа неколку затвореници осудени за терористички злосторства“, соопштија од министерството.

Безбедносните сили покренаа истрага и уапсија неколку лица, но и понатаму трагаат по бегалците од затворот, наведе полицијата на Твитер.

Во затворот во Бахреин се наоѓаат голем број припадници на шиитите, осудени за напади врз полицијата и војската, учество во антивладини протести и вооружени напади.

Во таа држава во Персискиот залив, која ја води сунитската династија Ал-Кхалида, шиитите се мнозинско население и бараат воспоставување на уставна монархија и повеќе разбирање за нивните интереси.