Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Наталија Канем по повод Светскиот ден на населението: Заштита на здравјето и правата на жените и девојките, дури и за време на Ковид-19
Во Фокусот

Наталија Канем по повод Светскиот ден на населението: Заштита на здравјето и правата на жените и девојките, дури и за време на Ковид-19

јули 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мирот во нашиот свет почнува со мир во домот, изјави неодамна генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во својот повик за глобален прекин на родово базираното насилство, што претставува пандемија во рамките на пандемијата со Ковид-19, вели извршната директорка на Фондот за население на Обединетите нации– УНФПА, Наталија Канем во нејзината изјава по повод Светскиот ден на населението.

„Во текот на животот, една од три жени е жртва на физичко или сексуално насилство. Во моментов, како резултат на мерките за карантин и зголемените тензии во домаќинствата, се зголемува и родово базираното насилство, додека, пак, пристапот до здравствените услуги за сексуално и репродуктивно здравје е отежнат поради тоа што здравствените системи се борат да се справат со вирусот Ковид-19. Огромен број луѓе, заедници и економии во светот се зафатени со кризата поради појавата на пандемијата со Ковид-19. Сепак, сите не се подеднакво засегнати, односно од тоа што честопати можеме да го видиме, оние коишто најмногу страдаат се жените и девојките“, истакна Канем.

Таа нагласува дека влијанието на Ковид-19 ќе ги отежне глобалните напори за постигнување на трите „нули“ до 2030 година преку, како што вели, нашата работа во УНФПА – нула неисполнета потреба за планирање на семејството, нула превентивна смрт на мајките и нула родово базирано насилство и штетни практики против жените и девојките.
„На пример, УНФПА предвидува дека пандемијата ќе го намали глобалниот напредок кон ставање крај на родово базираното насилство во оваа деценија за најмалку една третина. Покрај тоа, доколку ограничувањата на движењето продолжат за уште најмалку шест месеци, ќе придонесат за големи нарушувања во однос на пристапот до здравствени услуги, односно 47 милиони жени во земјите со ниски и средни приходи може да бидат лишени од пристапот до модерни контрацептивни средства, што резултира со несакана бременост кај седум милиони жени“, вели Кенем во изјавата.

На овој ден, вниманието е свртено кон ранливоста и потребите на жените и девојките за време на кризата со Ковид-19, како и зошто заштитата на сексуалното и репродуктивно здравје и права и ставањето крај на пандемијата со родово базирано насилство, е императив, особено во овој период кога се соочуваме со Ковид-19.

„УНФПА работи на соодветно снабдување со современи контрацептивни средства и производи за репродуктивно здравје, како и обезбедување соодветна лична заштитна опрема за акушерките и другите здравствени работници на коишто им е потребна за да останат безбедни. Ние сме охрабрени што досега 146 земји членки се пријавиле на повикот на генералниот секретар да го остварат мирот во домот, на коишто целосно им се приклучуваме со цел да ги поддржиме. Како дел од нашето справување со Ковид-19, ние воведуваме иновации за да испорачаме далечински услуги, како што се телефонски линии, телемедицина и соодветно советување, како и користење и прибирање распределени податоци со цел поддршка на владите во врска со идентификување на оние на кои им е најпотребна“, истакнува Канем.

Според неа, позитивните јавни пораки околу родовата еднаквост и родовите стереотипи и штетните социјални норми со кои се соочуваме може да го намалат ризикот од насилство.

Во ова, додава таа, мажите и момчињата можат и мора да бидат клучни сојузници.

„Сексуалната и репродуктивната здравствена заштита претставуваат право, и како и бременоста и породувањето, така и човековите права не запираат за време на пандемија. Затоа, тоа што е потребно сега е заедно да придонесеме кон запирање на пандемијата и да го заштитиме здравјето и правата на жените и девојките“, повика Канем.

актуелно Наталија Канем Светски ден на население
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.