Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НАТО: Приемот на Северна Македонија покажува дека мултилатерализмот треба да се зајакне
Политика

НАТО: Приемот на Северна Македонија покажува дека мултилатерализмот треба да се зајакне

април 2, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Северна Македонија денеска учествуваше на својот прв министерски состанок како полноправно членка на НАТО Алијансата, министерски кој се одржа преку безбедна видео врска помеѓу триесетте министри за надворешни работи на НАТО и генералниот секретар, Јенс Столтенберг“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Столтенберг уште еднаш го поздрави зачленувањето на Северна Македонија, и тоа во време на криза, и истакна дека тоа преставува важен сигнал и за регионот и за Алијансата.

„Ова покажува дека во неизвесни времиња мораме да ги зајакнеме мултилатералните институции, глобалните предизвици бараат глобални одговори, и кризата со ковид-19 тоа јасно го покажа“, изјави шефот на Алијансата.

Главна тема на разговорите очекувано беше здравствената криза со коронавирусот ширум светот, за која се мобилизираат и воените капацитети на земјите членки на НАТО, за координација на напорите, транспорт на пациенти, и обезбедување медицинска опрема за прва помош.

„Воениот персонал им помага на сојузниците со медицински транспорт, евакуација, транспорт на пациенти“, објасни Столтенберг.

Напорите се координираат преку координативниот центар на Алијансата, а повеќе земји веќе на дело ја покажале соработка, преку мобилизирање на воздухопловните капацитети за транспорт, меѓу другото.

Врховниот командант на НАТО, генералот Волтерс, има задача да ја следи состојбата и да ги идентификува потребите во земјите, да обезбеди дека медицинските опреми се испорачуваат и да помогне во спојување на земјите кои имаат одредени потреби со оние земји кои ги имаат на располагање.

Јасно е дека не сите земји кои се погодени се наоѓаат во истата фаза на
кризата, ниту имаат исти потреби, ниту пак пикот на пандемијата ќе го дочекаат во исто време, поради што е многу важно да се координираат постојано напорите за да се олесни превозот на пациенти и испорачување на материјалите.

Кон средината на април ќе се одржи нов министерски состанок, овој пат на министрите за одбрана на НАТО за да се ревидира поддршката ако е тоа потребно и да се почне со проценка на долгорочните импликации на оваа глобална здравствена криза, порача генералниот секретар.

НАТО сојузниците разговарале и за другите безбедносни предизвици со кои се соочуваат како Русија, Авганистан, Ирак, и борбата против тероризмот.

Шефот на Алијансата тврди дека НАТО продолжува да работи со полн капацитет на сите овие полиња и покрај кризата.

 

актуелно НАТО северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.