Натпревар од пониска лига во Германија заврши 37:0, сето тоа поради социјално дистанцирање

Во една од пониските дивизии во Германија, натпревар заврши со резултат 37:0, објави „Goal.com“.

Фудбалерите на клубот Рипдорф-Молзен II во текот на целиот натпревар против Холденштет ги почитуваа правилата за социјално дистанцирање. Причината за ваквите постапки беше тоа што играчите на Холденштет беа во контакт со заразен коронавирус во пресрет на натпреварот.

Рипдорф побара натпреварот да биде одложен, но беше одбиен.