Насекаде во Македонија во утринските часови e претежно сончево и надпросечно топло време за овој период од годината. Ке дува слаб северозападен и североисточен ветер.
Утринските температури се движеа од 8 до 17 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 35 степени. Во Скопје и Кавадарци максималната дневна температура ќе достигне 33 Целзиусови степени, во Дојран 34, Битола 30, Охрид 28, Маврово 25, Берово 27, Крива Паланка 29… УВ индексот ќе има вредност 9.
И во Скопје денес ќе биде претежно сончево и многу топло време, со слаб северозападен ветер. Во утринските часови беше измерена температура од 15 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 33 степени. УВ индекс ќе биде 8.
И утре претпладне во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло време.
Попладне во северозападните, западните и југозападните предели ќе има развој на нестабилна облачност која што ќе услови умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици.
Локално во овие предели можна е и појава на невреме. Максималните температури ќе се движат од 26 до 36 степени.
Идентилно време и во четврток, претпладне претежно сончево, попладне во западната половина нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици, но со пониски дневни температури кои ќе достигнат до 22 односно до 32 степени.
Во петок претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд насекаде во Македонија. Утринските температури од 10 до 19 степени, а максималните од 23 до 33 степени. Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и свежо време со дневни температури кои ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 17 до 27 степени.