Науката потврди – левичарите се попаметни

LinkSense.mk

Некои студии укажуваат на тоа дека левучарите умираат помлади, други ги поврзуваат со деликвентно однесување, дури и се сугерира дека левучарите повеќе пијат.Иако овие тврдења се многу оспорени и едвај докажани, постои верување дека левучарите се попаметни од десничарите – всушност дури и се сугерира дека левучарите се со поголема веројатност да бидат генијалци.

Според IFL Science, левучарите имаат поголема десна страна на мозокот што им помага кога станува збор за просторната свест и менталните претстави на предметите.

 

 

Како тоа да не беше доволно, тие имаат поголеми корпус каросум (нервни клетки што ги поврзуваат двете мозочни хемисфери).Ова значи дека тие имаат зголемена поврзаност меѓу двете страни на мозокот, така што тие имаат тенденција да обработуваат информации побрзо отколку десничарите.

За да се добијат посигурни резултати, IFL Science направиле серија експерименти во кои биле вклучени 2 300 ученици од различна возраст. Според тестовите, левучарите имале одлични разултатите кога станува збор за решавање тешки математички проблеми, додека кај полесни задачи немало разлика меѓу нив.

Сепак, IFL Science забележува дека е важно да не се судат луѓето само според тоа дали се левучари бидејќи има многу десничари со слично развиени функции на мозокот.

 

 

МАКФАХ