Научници од 30 држави ги открија причините за речиси сите видови на рак

Научници успејаа ја „дешифрираат“ генетската информација за 38 видови на канцерогени клетки, објави Би Би Си.

Големото истражување, во кое учествуваа 1.300 генетичари од над 30 земји во светот, е наречено „Комплетна геномска анализа на сите видови рак“.

Според научниците, благодарение на резултатите, лекарите веќе можат да го дијагностицираат ракот во рана фаза на развој. Лекувањето на малигните тумори ќе биде поефикасно и пациентите ќе имаат поголема веројатност да се опорават.

Претходно беше утврдено дека појавата на ракот е мутација во ДНК.

Прашањето беше каде и зошто се појавува „грешката“ во генетскиот код, што доведува до развој на туморот.

За време на студијата, научниците успеале да откријат каде точно се наоѓаат главните мутации. Сега тие можат да го наведат нивниот точен број.

Научниците, исто така, откриле и дека развојот на некои видови карциноми може да почне да се појавува десет години пред дијагностицирањето.