Најмалку 18 загинати во поплавите во Бразил

LinkSense.mk

Најмалку 18 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови во бразилскиот град Петрополис, на околу 70 километри северно од Рио де Жанеиро, потврди противпожарната бригада на бразилската сојузна држава Рио де Жанеиро.

За само шест часа во Петрополис наврнаа 260 милиметри дожд, што е повеќе од просекот за цел месец февруари, па беше прогласена вонредна состојба, а гувернерот Клаудио Кастро отпатува во погодената област за да им изрази поддршка на засегнатите.

Претседателот Жаир Болсонаро, кој е во официјална посета на Русија, преку Твитер побара од своите министри „итна помош за жртвите“.

Дождот во погоденото подрачје престана, но според градските власти прогнозата е дека во следните неколку часа повторно ќе врне „слаб до умерен дожд“.

 

МИА