Најмалку 253 загинати во поплавите во Јужноафриканската Република

LinkSense.mk

Бројот на загинати од поројните дождови и поплавите во јужноафриканската провинција Квазулу-Натал достигна 253, соопшти денеска Номагугу Симелане, шеф на здравствената служба во покраината.

За 24 часа наврнале околу 300 мм дожд во областа Дурбан, што е двојно повеќе од претходниот рекорд. Катастрофата беше предизвикана од суптропски циклон, невообичаен за овој регион. Првично беа пријавени 60 жртви. Владата на Квазулу-Натал ги прогласи погодените области за зона на катастрофа. Претседателот Сирил Рамапоза пристигна на местото на настанот за да дознае за последиците од катастрофата. На погодените од природната несреќа им е обезбедено привремено сместување, храна и медицинска помош.

Како што западните медиуми, редок метеоролошки феномен е забележан во Јужна Африка од 8 април, кога поради влијанието на студените воздушни маси на Антарктикот над земјата се надвисна студен циклон со обилни врнежи. Најмногу настрадаа југоисточните региони, главно провинцијата Квазулу-Натал. Метеоролошката служба на Јужноафриканската Република предупреди на нови врнежи.

 

 

МИА