Најстарата Русинка почина на 123 години

„Најстарата жителка на Руската Федерација, Танзилија Бисембеева од Астрахан, северен Казахстан, почина на 123 години. На нејзиниот погреб присуствувало цело село, јавуваат тамошните медиуми.

Бисембеева е родена на 14 март 1896 година. Имала четири деца, 10 внуци, 13 правнуци и двајца праправнуци.

Пред три години, таа беше впишана во Руската книга на светски рекорди како најстарата личност на светот. Една година подоцна, сепак, е откриена Нана Шаова од Кавкаската Област која тогаш имала 127 години. Таа пак, почина на почетокот на оваа година.

 

 

 

 

ИЗВОР: МИА