На Велика Британија итно и требаат 800 месари

Велика Британија, заради недостатокот на работна сила и пореметувањето во ланците за снабдување, на странски месари по итна постапка ќе им понуди 800 визи, на почеток на период од само шест месеци, изјави министерот за животна средина Џорџ Јустис.

Фармерите во земјата објаснуваат дека Брегзит и пандемијата од ковид 19 предизвикаа виостински егзодус на работниците од источна Европа кои работела во кланиците и фабриките за преработка на месо, оставајќи да се зголемува бројот на свињи во одгледувачниците ширум земјата.

„Ќе им овозможиме на работниците од кланиците и фабриките за преработка на месо и месни производи, во рамки на програмата за сезонски работници, да дојдат на шест месеци“, појасни Јустис.

„Тоа ќе ни помогне да го решиме проблемот со преголемниот број на свињи на фармите и да им овозможат на преработувачите на месо да заколат што повеќе свињи“, додаде министерот.

Според неговите зборови, ќе бидат потребни 800 месари, исто така, објасни дека индустријата за преработка на свинско месо, а и прехранбената индустрија воопшто, заради пандемијата со ковид-19, а не Брегзит, изгубија голем број работници.

Можеа да остаат, но поголем дел од нив сакаше во текот а тешкиот период а падемијата да идат со своите семејства, заради што ја напуштија Британија“, рече Јустис.

Патем, британскиот министер најави дека правилата за превоз за возачите од Европската унија ќе биде ублажени и дека тие, во текот на двонеделен период, ќе можат да патуваат колку сакаат низ Британија.