На Германија и требаат работници, слободни 300.000 работни места

LinkSense.mk

Министерот за економија на Германија, Роберт Хабек, вчера, на прес конференција истакна дека им треба зголемен прилив на странци за да се спречи сериозен недостиг на работна сила што, пак, би можело да ја поткопа продуктивноста и да ја загрози успешната енергетска транзиција на најголемата европска економија.

Имаме 300.000 отворени работни места. Очекувајте дека тоа ќе се зголеми на милион и повеќе“, рече Хабек, лидерот на Зелените, во изјавата за медиумите.

Ако не ја пополниме таа дупка, ќе имаме реални проблеми со продуктивноста“, додаде тој.

Се разбира, тоа значи повеќе квалификувани работни места, усовршување и подобри можности за вработување и подобри можности за семејствата, но во Германија тоа секако значиувоз’ на кадри во сите подрачја – инженери, занаетчии, негуватели. Тоа треба да го организираме“, посочи Хабек, вицеканцелар во коалициска влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц.

Германскиот економски институт проценува дека бројот на работници оваа година ќе се намали за повеќе од 300.000 заради пензионирање.

Се очекува дека во 2029 година бројот на работници ќе се намали за повеќе од 650.000, така што на пазарот на трудот во 2030 година ќе има недостиг од околу пет милиони работници.

Темпирана бомба за германскиот пензиски систем

Бројот на вработени Германци се искачи на речиси 45 милиони во 2021 година, и покрај пандемијата со ковид-19.

По една деценија на ниската стапка на наталитет, недостигот на работна сила е демографска темпирана бомба за германскиот пензиски систем кој ќе треба да финансира се помал број работници, додека бројот на пензионери се повеќе се зголемува.

Владејачките партии при преговорите за формирање на коалицијата се договорија за намалување на препреките за увоз на квалификувана работна сила, истовремено зголемувајќи ја минималната саатница на 12 евра.