На Кипар целосно вакцинирано половина од населението

Повеќе од половина граѓани, односно 50,2 отсто од населението на Кипар е целосно вакцинирано, додека пак 64,6 проценти примиле најмалку една доза, со што постигната е првата цел за вакцинација на 65 отсто од населението со најмалку една доза од вакцината во првата половина од годината.

Во однос на старосните групи, најголем е одѕивот кај лицата на над 70-годишна возраст, односно 91,7 отсто од граѓаните меѓу 70 и 79 години примиле најмалку една доза и 92,2 проценти од оние над 80 години.

Од вчера, отворена е платформата за пријавување и закажување термин за вакцинација за децата над 16 години.