На перуанскиот претседател му забранија да патува во странство

LinkSense.mk

Пратениците на Перу го принудија претседателот Педро Кастиљо да остане во земјата оваа недела за да се справи со кризата.

Кастиљо имаше намера да отпатува во Колумбија на инаугурацијата на тамошниот нов претседател Густаво Петро, но парламентот го спречи во тоа, бидејќи земјата моментално е без влада, а се очекува новиот кабинет да положи заклетва во петок.

Иако на функцијата е само една година, Кастиљо веќе двапати се соочи со импичмент, а некои адвокати го прозваа и во овој случај.

Во средата, неочекувано оставка поднесе четвртиот премиер поставен од Кастиљо, а против овој земјоделец и поранешен учител јавното обвинителство отвори пет кривични истраги, меѓу кои и онаа за можно попречување на правдата поради разрешување на министерот за внатрешни работи.