На повидок фудбалски скандал: Данците се повлекуваат од ФИФА!?

LinkSense.mk

Претставниците на Фудбалскиот сојуз на Данска се подготвени да покренат дискусија за истапување од ФИФА, откако влегоа во конфликт со Меѓународната фудбалска федерација поради забраната за носење на капитенската лента „Една љубов“ (One Love).

Данците не се единствената европска репрезентација која се избори да ги носи споменатите капитенски ленти на Мундијалот, а покрај нив, уште шест репрезентации имаа планови со овие ленти да ја поддржат ЛГБТ заедницата, но, на крајот, сите беа принудени да се откажат од таа идеја.

Имено, ФИФА се закани дека ќе ги казни со жолт картон сите капитени кои ќе истрчаат со овие ленти на самиот почеток од мечот, но Данците откриваат дека тоа не е единствена, туку минимална казна. Директорот на Фудбалскиот сојуз на Данска, Јакоб Јенсен објасни за што се работи.

На 21 ноември Англија одржа итен состанок со ФИФА, каде што им било кажано дека капитените во најдобар случај може да бидат казнати со жолт картон и дека постои можност воопшто да не бидат пуштени на теренот. Се расправало за тоа дали ФИФА воопшто има законска основа за жолти картони, и на крајот се покажало дека тоа постои во актите на светската куќа на фудбалот“, изјави Јенсен.

После се се огласи и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Данска, Јеспер Мулер, кој рече дека оваа репрезентација дури планира да се повлече од ФИФА и да основа нов Сојуз.

Наскоро ќе имаме избори на ФИФА на кои ќе гласаат 211 земји, а Џани Инфантино наводно има 207 земји кои го поддржуваат. Данска не е меѓу нив и нема да биде“, рече тој и продолжи:

Повлекувањето од ФИФА не е нешто што сега го смисливме. Нашиот став е многу јасен веќе некое време, а работиме и на формирање организација во нордискиот регион, бидејќи нема да биде лесно ако се повлечеме сами. Меѓутоа, ќе видиме како ќе ја вратиме довербата во ФИФА – мораме внимателно да размислиме што се случи и потоа со нашите нордиски колеги да договориме стратегија“.

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)