На протест тргнала со транспарент, дома се вратила со свршенички прстен

За време на неодамнешните протести против расизмот во САД, демонстрант од американската сојузна држава Северна Каролина ја запроси својата девојка.

За време на протестен марш во градот Ралеј, Ксавиер Јанг (26) клекна пред својата избраничка Марџори Алстон и ја праша – дали сака да се омажи за него?

Мигот на запросувањето е овековечен и со професионалната слика на фотографот Чарлс Крауч, кој учествувал на протестот.

– Кога решивме да протестираме, го ставив прстенот во ранецот заедно со другите реквизити за протестот. Кога работите малку се забавија, клекнав, божем за да земам вода, но го извадив прстенот и ја прашав дали сака да се ожени со мене, раскажува Јанг за Си-ен-ен.

Марџори, која е бремена и го носи своето прво дете, рече дека не очекувала Ксавиер да ја запроси на демонстрациите. Но сепак, таа без размислување рече – „да“.