На „шефицата“ на Грац идол и е Тито

LinkSense.mk

На претседателката на Комунистичката партија на Австрија (КПО) во Грац, инаку победничката на неодамнешите избори во овој австриски град, Елка Кар, идол и е некогашиот претседател на СФР Југославија, Јосип Броз Тито.

„Го сметав добар курсот на Тито со ‘неврзаните’. Тој воспостави еден исклучително добар систем со сите тие држави и имам впечаток дека тоа можеше да фукционира“, изјави Кар.

Таа додава дека и денес со задоволство слуша „југословеска музика“ и дека лично се отповикува на повиците на клубовите од тие простори да учествува на разните нивни манифестации.