НБ: Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти

LinkSense.mk

Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти предвидува Народната банка (НБ) во најновите пролетни проекции што е надолна корекција за еден процентен поен во однос на октомвриските проекции за 2022 година.

Инфлацијата се предвидува да биде 8,8 проценти во просек со очекување за постепена стабилизација до крајот на годината.

Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска најави дека Народната банка внимателно ги следи состојбата во однос на инфлацијата и девизниот пазар и ги презема сите неопходни  чекори.