„Невидливиот“ кинески воен авион воведен во употреба

Кинескиот борбен авион од петтата генерација „Ченгду Ј-20“, прв „невидлив“ авион на војската на таа држава (користи стелт технологија), кој е направен како одговор на американскиот борбен авион од истата генерација Ф-35, денес официјално е воведен во употреба во кинеското воено воздухопловство.

Пекинг е на пат да ја модернизира својата војска со цел заштита на границите и демонстрирање на моќ во регионот, посебно во Јужното кинеско море, што претставува важна стратешка позиција, пренесува АФП.

Кинеската војска минатата година го испрати својот прв носач на авиони „Лиаонинг“, ремонтиран советски брод, на вежби во Тихиот океан.