Поради обилните врнежи од дожд и невремето што ја зафатија Шпанија, денеска е прекинат железничкиот превоз на „медитеранскиот коридор“ меѓу Мадрид, Валенсија, Аликанте и Барселона.
Централниот и југоисточниот дел на земјата во неделата ги зафати невреме, па многу патишта беа затворени, паѓаа дрва, а куќите на некои жители се поплавени.
Жителите на Мадрид и околината добиле предупредувачки пораки на мобилните телефони да не излегуваат од куќите, но таму бурата не остави тешки последици.
Пожарникарите во Мадрид имале 726 интервенции.
Поради огромната количина на вода и кал на шините, вчера времено запреа возовите од главниот град кон западната провинција Екстремадура и јужна Андалузија.
Возовите од Мадрид до Андалузија се уште не сообраќаат поради последиците од невремето во градот Толедо.
Шпанската метеоролошка служба извести дека дождот во текот на денешниот ден треба да ослабне.
Во Мадрид од 8 часот утрово дождот повремено престанува.
Земјата се наоѓа под невообичаено силен удар од дожд и ветер, една недела после неподносливите горештини и пожари.







