Невреме во Мелбурн: 200.000 домови без струја

Големото невреме кое ја зафати југоисточна Австралија кршеше дрва, заглави луѓе во автомобили и куќи и предизвика прекин на електрична енергија во повеќе од 200.000 домови, од кои многу се поплавени.

Временските непогоди кои ја погодија австралиската држава Викторија и главниот град Мелбурн вчера донесоа ветрови со јачина од 119 километри на час и 20 сантиметри дожд на кубен метар“, изјави метеорологот Кевин Паркин, пренесе АП.

Како што се наведува, за сега нема информации за сериозни повреди на луѓе.

Денеска ветерот се потсмири, но затоа пак се зголеми ризикот од поплави од надојдените реки.

Втората најнаселена австралиска држава не била погодена од толку силен ветер уште од 2008 година, соопштија локалните официјални лица.

Неколку главни патишта се затворени поради големото количество вода, одрони и паднати дрва.

Спасувачките служби примиле повеќе од 5.000 повици за помош, од тоа 3.500 повици биле поврзани со дрва паднати на куќите или луѓето ги повикале затоа што биле заробени во домовите.