Невреме ширум Европа: Во Полска настрадаа четири лица

LinkSense.mk

Силна бура зафати вчера повеќе делови на Европа, а во Полска четири лица го загубија животот. Според известувањата на полските медиуми, најтешко погодено подрачје е градот Вроцлав на западот на државата.

Бурата соборила стебла и нанела сериозна штета, а дошло и до прекин на сообраќајот во некои делови на Полска.

Невреме, освен во Полска, ги погоди и француските региони Бретања и Нормандија, каде што оштетило повеќе куќи, а предизвика и прекин со снабдувањето со струја за речиси 250 илјади домаќинства.

Бура ги зафати и Германија, Холандија и Белгија, каде што оштетила покриви на многу објекти, вклучувајќи и дел од стадионот во белгискиот град Антверпен, пренесе АП.

Локалните медиуми пренесуваат дека во холандскиот град Барендрехт се повредени четири лица.

Во Берлин, заради силниот ветер кој претходно бил најавен од метеоролозите, иле затворени две Зоолошки градини, а животните во нив биле преместени во затворени засолништа.

Невреме, исто така, погоди и делови на јужна Англија, каде што заради оилни врнежи се издадени предупредувања на опасност од поплави.