Силно невреме ги погоди вчера централните делови на Русија поради што околу 230 населени локации останаа без струја од раните утрински часови.
Невремето ги погоди регионите на Москва, Владимир, Калуга, Ријазан и Тула.
Повеќе од 450 летови на московскиот аеродром доцнеа, а 41 лет се откажани од трите московски аеродроми, „Домодедово“, „Шереметјево“ и „Внуково“, поради лошите временски услови.
Од аеродромот „Шереметјево“ не полетале 39 авиони, а 270 летови доцнеле, од аеродормот „Домодедово“ два лета биле откажани, а 179 летала не се спуштиле на пистата во предвидениот рок за слетување, додека на третиот по големина аеродром во Москва „Внуково“ доцнел само еден лет.
Градот Москва и московската подружница на Министерството за итни ситуации во петокот издадоа предупредување дека се очекува силно невреме проследено со дожд, град и ветер.
Според прогнозата на рускиот Центар за хидрометеорологија и екологија, времето ќе биде нестабилно и деновиве.
„Тас“ наведува дека количеството на дожд што викендов падна во руската престолнина ги собори двата претходни рекорда.
Претходните рекордни врнежи забележани се во 1923 година и во 1970 година.







