Неделен хороскоп од 28 ноември до 5 декември: Овенот открива нови емоции, Јарците ги мачи главоболка

LinkSense.mk

Овен

Работа: Оваа недела ви донесува големо разрешување, особено ако имате недефинирани односи кои не сте ги расчистиле. После прераспределба на задолженијата стигнува неочекуван поттик од страна на лице кое до сега ништо не ви ветувало. Зауздајте ја нервозата, затоа што кога нешто важно ќе се одлучува неопходно е мирно да размислите и да побарате совет од соработниците.

Љубов: Прилично сте статични. Заради тоа може да ви одмине приликата да му се приближите на саканото лице и дури и себе си да си откриете емоции, кои претходно не ви беа познати. Дозволете и на другата страна да започне разговор, ќе бидете изненадени колку малку ви е потребно за потполна блискост.

Здравје: Болки во нозете.

Бик

Работа: Ви се случува налет на добра енергија, но ве совладуваат нервоза и нетрпелливост. Вашата променливост на расположението не е пријатна за околината заради што се можни ситни судири и расправи. Информациите кои овие денови ќе ги добиете, носат патоказ во која насока оди вашиот професионален развој. Останете сконцентрирани, а нестабилното расположение смирете го со вежбање и тренинг.

Љубов: Многу барате од себе. На саканото лице воопшто не му е лесно со вас, затоа што истото го очекувате и од него. Вашите провокации можат да бидат иницијална каписла за неприојатна расправа. Квалитетен и искрен разговор може да реши некои недоразбирања кои ве наведуваат да поверувате дека вашиот љубовен однос е „во проблеми“.

Здравје: Контролирајте го притисокот.

Близнаци

Работа: Ве сака работата и ви стаса понуда за „нешто дополнително“ што моментно можеби не ви е неопходно. Размислувате да се впуштите во тоа, со образложение кое го наоѓате во финансиската надокнада која и не е нешто посебно, но и не е за занемарување. Прифатете затоа што работата долгорочно многу ќе ви се исплати. Освен тоа, ви се отвара и прилика да ги забршите сите заостанати финансиски обврски.

Љубов: Вашите потреби овие денови бараат од партнерот многу толеранција и трпение. Иако можеби се чувствувате заморено, расположението ќе се промени кога од партнерот ќе стаса интересна иницијатива. Не размислувате премногу за тоа колку би ви годело нешто, а тоа не можете ниту да го знаете додека не пробате.

Здравје: Алергии.

Рак

Работа: Се прекинува вообичаеното темпо на кое сте навикнати. Преполни сте со креативна енергија па вашата самодоверба од ден на ден расте. Ако се најдете во прилика оваа недела да пазарите или да потпишувате некои вредносни хартии, бидете внимателни затоа што не е поволен момент за тоа и може да ви се поткрадне грешка која нема да можете да ја исправите.

Љубов: Преку блиски пријатели ви претстои едно ново познанство. Мало опуштање и прифаќање на предизвик може да ви годи, но долгорочно, вие знаете дека тоа не е за вас. Заради нагласена променливост на расположението дополнително сте чувствителни, а тоа не е атмосфера што ветува за овие денови.

Здравје: Стомачни проблеми.

Лав

Работа: Овој период, за вас, е во знакот на крајот на заостанати обврски. Се околу тоа ќе биде отежнато и подложно на превиди и малери. Добрата страна од сето тоа е што ситните дневни проблеми ќе ви го свртат вниманието и ќе ви ја ублажат нервозата. Освен тоа, постојат шанси некои свои идеи да ги претставите и за нив да добиете позитивна оценка од лице на чија поддршка воопшто не сте сметале.

Љубов: Морате дополнително да се потрудите ако сакате да ја сочувате стабилноста во врската, макар и грешките да ги превземете на себе. Можете да влетате во сериозен судир со саканото лице ако не се исконтролирате. Вистинско решение за вашите проблеми е отворен разговор и тоа кон крајот на неделата.

Здравје: Премор.

Девица

Работа: Ви се отвараат шанси да ги завршите започнатите проекти, но сеуште се е само во плановите. Вистинска реализација би била ако конкретно заклучите договор, но на тоа уште ќе чекате. Не го губете трпението затоа што тоа не значи дека работите пропаднале. Овие денови и краткотраен одмор искористете за да подготвите терен за она што ви претстои.

Љубов: Приликата за тоа на брзина да го доведете својот живот во ред може да ве наведе на погрешни потези. Ако вашата врска имала какви било примеси на таинственост, бидете подготвени на тоа дека, овие денови, ѕвездите не ви се наклонети и дека секоја тајна се заканува да стане јавна.

Здравје: Костоболка.

Вага

Работа: Ви стигнува поволна прилика, но за да ја искористите мора да се сложите на компромис кој е за вас, барем до сега, секогаш бил неприфатлив. Минлив застој е возможен, но ако останете истрајни, работата која овие денови ќе ја почнете има потенцијал во иднина да се прошири. Бидете подготвени за тоа дека се ќе потрае подолго отколку што очекувавте.

Љубов: Саканото лице не ви дава доволно топлина колку што во овој период ви е потребно. Премногу барате заради што овие денови ви претстои заладување на односите. Нешто од минатото посебно ве загрижува. Сеќавањето за пропаѓањето на една голема љубов може да ви ја помати шансата да остварите нова врска.

Здравје: Несоница.

Шкорпија

Работа: Размислувате како да бидете поефикаснии со некоја нова организација да ја подобрите својата финансиска состојба. Вистинско време е да се вклучите во активностите во својата средина. Професионално сте задоволни па овие денови ви следи и официјална потврда за тоа. Следните денови најверојатно нема да ве одминат непријатни вести заради кои не треба да се грижите.

Љубов: Поривот за лична слобода може да ве наведе на погрешен чекор. За да ги испеглате несогласувањата, прифатете ги предлозите на саканото лице и повече време минувајте со луѓе кои тоа ќе ви ги предложи. Слободните можат да запознаат лице со кое ги чека добар провод и романтична авантура.

Здравје: Проблеми со забите.

Стрелец

Работа: Одредени информации не допираат на вистински начин до вас заради што не сте во добра позиција да ги согледате сите можности кои се важни за донесување на конечна одлука. Премногу сакате, а не постојат вистински шанси, морате од нешто да се откажете. Ја демнете секоја прилика за повторно да се наметнете во работното опкружување. Ова е период кога вашиот труд може да биде награден.

Љубов: Слободното време го поминувате оптеретен со деловни проблеми. Недоволната близина на партнерот може да го освежи љубовниот однос кој загубил на интензитет затоа што извесно време пречесто сте биле заедно. После мала раздвоеност следат бранови на романтика кои толку многу ги посакувавте.

Здравје: Болки во грбот.

Јарец

Работа: Стигнуваат промени кои ја попречуваат вообичаената рутина во вашето секојдневие. Кон крајот на неделата ќе бидете во прилика на еден стар соработник да му помогнете да најде работа. Позитивната енергија од тој гест ќе вдахне малку оптимизам во вашето расположение. Освен тоа, овие денови очекувајте известување во вид на опомена или испорака на известување за некоја казна на која не сте сметале.

Љубов: Партнерот нема разбирање кога се во прашање вашите барања. Искрени разговори, заеднички поминато време и долги прошетки ќе ја смири тензијата која се насобрала. Пружете му малку поддршка и топлина, дури и ако не сте расположени. Не заборавајте дека тој искрено ве почитува и ве сака.

Здравје: Главоболка.

Водолија

Работа: Можна е понуда за да се приклучите на една волонтерска организација, каде што вашите квалитети би дошле до потполн израз. Сепак, без оглед на предизвиците, не подлегнувајте на потребата да почнете нешто ново, затоа што не е поволен периодот за тоа. Ако внимателно се организирате и не ги расфрлате своите потенцијали, предизвикувачките аспекти ќе поминат без последици.

Љубов: Време е за квалитетен одмор. Добивате шанса да одвоите малку време за себе и за саканото лице. Темпото кое е зад вас беше пребрзо, ја загубивте реалната слика за тоа што ви е вам потребно во љубовта, а што на партнерот. Заеднички поминато време прави вистинска прилика љубовта да тргне од почеток.

Здравје: Чувајте се од вируси.

Риби

Работа: Ги звршувате обврските кои ви пречат и ве забавуваат во редовната работа. Било да станува збор за човечки ресурси или за проекти, овие денови ве чека тешка одлука со која од вас се очекува добра проценка или мудар потег. Ако барате работа, оваа недела е во знакот на преговори кои ќе ви отворат можност за ново работно место или напредување.

Љубов: Сами на себе сте си доволни па мрачното расположение на саканото лице не ве вознемирува. Одбегнувањето на средба не е вистинско решение, соочете се со проблемот. Романтиката губи на сила па ако на време не превземете нешто конкретно, до крајот на овој период можете да паднете во сериозна криза или дури да прекинете врска.

Здравје: Нервоза.