Недостигот од една намирница предизвика „паника“ во Њујорк

LinkSense.mk

Пандемијата на коронавирус предизвика проблеми со испораката, набавката и воопшто со транспортот на храна. Цените се зголемија, како и човечката фрустрација. Невиден недостиг се појави и во Њујорк. Таму, имено, уживањето во пецивата, посебно она што е слично на овдешниот ѓеврек, секојдневниот десерт на многу њујорчани, би можело да биде доведено во прашање .

Причината е бизарна, но и реална. Недостасува, пишува „Њујорк тајмс“, состојката без која нивното сервирање е незамисливо – крем сирење.

„Ова е лошо. Ова е многу лошо“, вели Педро Агиљар, сопственик на франшизата „Пик-а-Бегл“ („Pick-a-Bagel“), која има неколку продавници на Менхетен. Тој додаде дека ако некаде не најде крем сирење, утре нема да има со што да ги продава колачите.

Такви како Педро има многу. Продавачите на колачи во Њујорк за само неколку недели трошат половина тон крем сирење. Тој е основата за кремот што го прават. Според рецептот кој, велат од фирмата на Крафт Хајнц, се појавил во 1870-тите, а за неговиот квалитет, покрај крем сирењето, потребни се и млечна киселина и пастеризирано млеко. Повеќето мајстори за пецива својот микс го прават со помош на филаделфиско крем сирење, кој го произведува токму Крафт Хајнц. Тој не е ист како оној што се наоѓа во продавниците, бидејќи е необработен и не е заматен. Но, едноставно не можат да го добијат.

Добавувачите не одговараат на нивните нарачки речиси три недели.

„Молењето е еден од моите планови. Се јавив на осум добавувачи и ништо. Се надевам дека некој наскоро ќе има сирење и ќе ми се јави“, вели менаџерот на продавницата „Забар“, Скот Голдшајн. Тој посочи дека има резерви на сирење за уште десет дена.

Сопственикот на друга продавница, „ФиХ Даирес“, Џозеф Дема, рече дека ова не му се случило за триесет години работење и дека не гледа крај на овој недостиг на состојка што му е очајно потребна.

Испорака на крем сирење очекуваше во петокот, и беше многу среќен заради тоа, Кристофер Пулизе, сопственик на „Томкинс Сквер Беглс“, но беше непријатно изненаден.

„Добавувачот ми се јави во средата и ми рече дека не може да ми достави 360 килограми крем сирење. Се прашував што ќе правам за викенд бидејќи уште четворица ми рекоа дека не можат да ми набават“, се пожали Кристофер.

По многу повици успеал да го најде тоа што го барал. Меѓутоа, наместо стандардниот голем сад, речиси буре сирење, тој добил само неколку пакувања од по еден килограм.

Продавачите на пецива за „Њујорк Тајмс“ изјавија дека проблемите со испораката на разни материјали започнале пред неколку месеци. Снемаа шамивчиња, шолји за кафе и сок „Геторејд“. Сепак, не очекуваа дека ќе недостасува и крем сирењето, најважната работа покрај пецивото.

Ако нарачаа 1.000 кутии крем сирење, ќе добијат само неколку, а ако нарачаа цел камион, можеби ќе добиеја само една палета. Забележале дека го нема и тргнале во масовна потрага. Тие почнаа да им се јавуваат на добавувачи од различни делови на Њујорк. Но, откако повиците се покажаа залудни, решија да ја продолжат потрагата надвор од границите на нивната сојузна држава.

„Скокнав во камионот и отидов до Њу Џерси и го најдов моето крем сирење, за кое во нормални услови немаше да морам да одам толку далеку“, рече Френк Матера, чија продавница е во Бруклин.

Претставникот на еден од најголемите дистрибутери на храна во Њујорк, „Фишер Фудс“, Фил Пицано, вели дека добил стотици повици од испаничени сопственици на продавници за бели пецива во последните неколку недели, барајќи крем сирење, додавајќи дека не му е јасна причина за ненадејниот недостаток.

Некои дистрибутери се обратиле и до помалите фармери за да ги снабдат.

Проблемот, наводно, настанал поради недостиг на работници во производството на сирење.

Додека дистрибутерите се обидуваат да најдат дополнителни количини за да им ги достават на своите соработници, сопствениците на продавниците се прашуваат кога сето тоа ќе заврши бидејќи нивните клиенти не сакаат да јадат пециво без чудотворното крем сирење.

„Се чини смешно да се зборува за ова како некаква голема криза, но неделните пецива се светост. Го мразам чувството дека сум ги изневерил луѓето“, заклучува Кристофер Пуглизе и забележува дека белите пецива во Њујорк се – институција.

 

 

 

 

(Фото: АФП)