Неизвесниот резултат од состанокот на ОПЕК ја „турна“ нафтата под 46 долари

Цената на нафтата денес падна под 46 долари за барел напоредно со скептицизмот во поглед на постоење можност Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) на денешниот состанок да постигне договор за ограничување на производството на тој енергенс, известува њујоршката агенција „Блумберг“.

bloomberg-office

Цената на нафтените фјучерси падна за дури два отсто во Њујорк после падот од 4,0 отсто во петокот.
Американската „лесна“ нафта за испораките во јануари ослабе за 92 центи, на 45,14 долари по барел на трговската берза во Њујорк, а во Лондон се движеше на ниво од 45,71 долари.

Цената на американското „црно злато“ на крајот на минатата недела падна за 1,90 долари, на 46,06 долари за барел.
Северноморската нафта „брент“ за доставување во јануари поевтини за дури 96 центи, на 46,28 долари за барел на европската берза на фјучерси со седиште во Лондон, откако во петокот падна за 1,76 долари за барел, на 47,24 долари.

Членките на ОПЕК денеска во Виена имаат интерен состанок, за надминување на разликите и во рамки на конечните напори да постигнат договор за ограничување на производството на нафта, кој, како што наведуваат од њујоршката агенција, би требало да биде формализиран во среда, на 30 ноември.

opec-vo-viena

„На пазарот моментно има присуство на неизвесности кои се последица на различни изјави, како што е највата на Саудиска Арабија за повлекување од денешните преговори со челниците на ОПЕК“, изјави стратегот на сеулската компанија „Кивик секјуритис“, Сео Санг-Јанг.

Калид ал-Фалих, министер за енергетика на Саудиска Арабија
Калид ал-Фалих, министер за енергетика на Саудиска Арабија

Саудискиот министер за енергетика Калид ал-Фалих вчера изрази уверување дека глобалната побарувачка за нафта ќе се подобри следната година и дека цените ќе се стабилизираат, дури и ако ОПЕК не го скуси производството.