Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Неизвесни новите правила за изборниот праг на независните кандидати
Македонија

Неизвесни новите правила за изборниот праг на независните кандидати

август 6, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Останува неизвесно дали изборниот процес ќе биде по нови правила за изборниот праг на независните кандидати, кои веќе се влезени во собраниска процедура.

Претседателот Стево Пендаровски се изјасни дека нема да ги потпише измените на Изборниот законик во сегашната форма, пред се поради двата проценти праг наменети за независни кандидати.

Предложените измени на Изборниот законик би го добиле потписот на шефот на
државата само доколку во однос на прагот за независните кандидати се постигне поширок консензус меѓу партиите.

Пендаровски смета и дека е непримерно за толку кусо време пред изборите да се менува Изборниот законик, што не е согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР, тоа да не се прави шест месеци пред избори.

Премиерот Зоран Заев, пак, изјави дека прагот од два отсто за собирање потписи за независните листи во Предлог-измените на Изборниот законик ќе биде намален, веројатно на еден отсто или можеби и укинат.

И министерот за правда, Бојан Маричиќ, најави дека ќе има промени и подобрувања во текстот на Изборниот законик. Вели дека начелно е постигната согласнот меѓу големите четири партии во која насока да се оди, и очекува веднаш по одморите, на средина на август, измените да бидат изгласани во Собранието.

Посочи дека идејата е во законот да се имплементираат сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР и да се направат подобрувања на процесот, во интерес на демократизација на изборите и поголемо учество на граѓаните.

Предлог-измените на Изборниот законик, предвидуваат дека независните листи мора да соберат потписи од два отсто од избирачите во една општина за да се кандидираат на локалните избори. 0

Покрај дел од помалите политички партии, забелешки на предложените измени на изборните правила искажаа и Антикорупциската комисија, Транспаренси интернешенел Македонија и повеќе граѓански здруженија. Тие сметаат дека носењето на измените во Изборниот законик непосредно пред започнување на изборниот процес се спротивни на препораките дадени во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и на добрите практики со кои се препорачува стабилна изборна рамка.

Собранискиот претседател, Талат Џафери, во однос на измените на Изборниот законик на последната средба со новинарите не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците, кој трае до крајот на месецов.

Џафери најави дека согласно законските термини, денеска ќе ги распише локалните избори за 17 октомври.

Имајќи предвид дека претходните локални избори беа на 15 октомври 2017 година, од 15 до 18 октомври се исполнува четири години мандат на градоначалниците и советниците и тој мандат според Уставот и законот не може да се продолжи, освен во вонредна или воена состојба.

Повеќе од половината од градоначалниците во вториот круг се здобиле со мандат или конкретно 46 општини вклучувајќи го и Град Скопје, тоа значи фактички дека до 18 октомври им завршува четиригодишниот мандат.

Од распишувањето на изборите до денот на гласањето треба да има минимум 70 дена, а максимум 90 дена и во тој период настапуваат обврските на ДИК која треба да го подготви Роковникот за спроведување на изборните активности.

актуелно Зоран Заев избори ОБСЕ Претседател Стевово Пендаровски Талат Џафери Устав
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.