Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Неизвесно донесувањето на Законот за јавно обвинителство
Македонија

Неизвесно донесувањето на Законот за јавно обвинителство

март 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Останува неизвесно донесувањето на законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. Власта и опозицијата и по вчерашната средба во Министерството за правда не постигнаа договор.

Остануваат клучните разлики околу статусот на Специјалното јавно обвинителство и употребата на аудио материјалите, но како што изјавија учесниците по вчерашната средба, постои расположение за продолжување на разговорите.

„Разликите остануваат. Клучните разлики се во статусот на СЈО и во употребата на аудио материјалите.  Се договоривме да се извршат консултации во делот на тоа каде би можело да има придвижување за да најдеме простор за заедничко носење на законот. Така што денеска нема некој посебен напредок со кој може да се пофалиме, изјави вчера министерката за правда Рената Дескоска-Треневска.

И од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека постои расположение за продолжување на разговорите.

„Остануваат сериозни разлики во толкувањето на содржината на целиот Предлог закон за обвинителство но, исто така беше потврдено дека постои расположение за одржување на понатамошни консултации со цел да вложиме заеднички напори да стигнеме до одреден напредок и можно заедничко решение, изјави вчера Антонио Милошоски, кој беше дел од групата која учествуваше на средбата во Министерството за правда.

И двете албански опозициски партии – Алијансата на Албанците и БЕСА вчера излегоа со поддршка за опстојувањето на СЈО како посебен орган во рамки на Јавното обвинителство.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села изјави дека СЈО треба да продолжи со работа како што е формирано и за целите за кои е формирано.

„Спремни сме да дадеме поддршка за ваков предлог. Нормално во истиот закон треба да се интервенира во поглед на тоа дека предмети за кои СЈО оценува дека не се во нивна надлежност, не треба да останат по фиоките, туку истите да ги процесуираат до Јавното обвинителство за секој вид криминал и корупција да биде доследно до крај проследен и да има казни за истите, изјави Села.

Министерката за правда се надева дека законот ќе биде донесен пред изборите. Таа вчера изјави дека се разговара со сите пратенички групи и оти работат на обезбедување на мнозинство од 80 пратеници.

Порака дека од огромно значење е СЈО да продолжи со работа вчера стигна и од евроамбасадорот Самуел Жбогар кој во писмена изјава посочи дека Европската унија ги следи одблизу подготвоките за измена на Законот за јавно обвинителство.

„Специјалното јавно обвинителство (СЈО) значително придонесе кон повторно воспоставување на одговорност и кон борбата против неказнивост. Од огромна важност е СЈО да продолжи со гонењето на оние кои се одговорни, на сторителите, и тоа да го прави на професионален начин и независно, истакна Жбога.

Законот за јавно обвинителство треба да биде донесен со двотретинско мнозинство во Собранието. Тој е и еден од условите за отворање на преговорите со ЕУ во јуни.

актуелно закон обвинителство СЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.