Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата кај Ласкарци
Во Фокусот

Неисправните сопирачки и брзото возење главни причини за несреќата кај Ласкарци

март 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Неисправните уреди за сопирање на автобусот и возењето над дозволената брзина, се главните причини за несреќата кај Ласкарци, поради што ОЈО Скопје поведе постапка против шест лица, кои се осомничени за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека за седмо лице во тек е кривична постапка за „несовесно работење во службата“, бидејќи издало потврда дека тахометарот во автобусот бил целосно исправен без да ги направи неопходните проверки.

Ова го истакна јавниот обвинител Сашо Рајчев денеска на пресконференција, посочувајќи дека седумте лица се приведени и се наоѓаат во полициска станица во Скопје и во текот на денешниот ден ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка. За шесте лица за кои е отворена истражната постапка Обвинителството ќе побара притвор, а за седмото лице мерки на претпазливост.

„Вештачењето покажа дека главна причина за несреќата се неисправноста на уредите за сопирање на автобусот и поголемата брзина на возење над дозволената поради што изгубил контрола врз автобусот. Возачот возел 99 километри на час, а дозволената брзина е 80 километри, рече Рајчев, додавајќи дека вештачењето покажало оти возачот не користел мобилен телефон во клучниот момент.

Првоосомничен е сопственикот на „Дурмо Турс“, кој е и управител на фирмата. Тој единствен поседувал задолжителен сертификат за професионална компетентност во правниот сообраќај врз основа на кој сертификат е издадена лиценцата за превоз, но не го организирал превозот согласно прописите и не водел евиденција, а тоа му го
препуштил на раководителот на „Дурмо Турс“ кој не поседувал сертификат.

Токму раководителот, како што рече Рајчев, е второосомничен во овој случај, со тоа што овозможил да се инсталира уредот во автобусот со кој се манипулирал технографот кој правилно не ја регулирал брзинатана на движење на автобусот.

Третиот, четвртиот и петиот осомничен се одговорни лица од фирмата за технички преглед, чиј сопственик е првоосомничениот односно газдата на „Дурмо Турс“. Тие како одговорни за технички преглед и контрола издале документација за исправност на автобусот по двата прегледи направени во јули и декември 2018 година и покрај тоа што што сопирачките не биле на потребното ниво на исправност.

Шестоосомничен, како што рече Рајчев, е возачот кој за време на несреќата се движел со 99 километри на час, а го активирал и уредот за манипулација на брзината.

Истрагата на ОЈО Скопје утврдила дека возачот поради брзината изгубил контрола над автобусот, ја пробил заштитната ограда помеѓу двата правци на автопатот и пред да дојде до втората, односно да излета почнал да кочи. Вештачењето на неговиот телефон покажало оти тој не го користел мобилниот за време на несреќата, а здравствената состојба му била во ред, односно таа не влијаела на несреќата.

„Како резултат на сите пропусти на овие шест осомничени доаѓа штетната последица – 15 жртви и 39 лица со тешки телесни и телесни повреди, рече обвинителот Рајчев.

Тој посочи дека во текот на предистражната постапка до денеска биле испитани вкупно 47 лица. наведе дека од Машинскиот факултет било изготвено вештачење за функционирањето на системите во автобусот, од Електротехничкиот факултет вештачење за функционирањето на тахографот, а од Бирото за судски вештачења било изготвено сообраќајното вештачење.

Рајчев рече дека медицинско вештачење било изготвено за здравствената состојба на возачот, а од МВР било извршено вештачење во поглед на употребата на телефонот од страна на возачот за време на несреќата.

Додаде дека биле прибавени и 15 обдукции за сите починати лица и дека Обвинителството е во фаза на прибирање на целокупната медицинска документација за другите оштетени лица .

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.

актуелно ласкарци неисправни сопирачки несреќа ОЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.