Рускиот амбасадот при Обединетите нации Виталиј Чуркин ненадејно денес почина во Њујорк. Во првите извештаи на агенциите не е објавена причината за смртта на рускиот дипломат, а во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Чуркин „починал додека бил на работното место“.
Чуркин е именуван за руски амбасадор при ОН во 2006 година.
Беше и специјален претставник на Руската Федерација во преговорите за поранешна Југославија од 1992 до 1994 година.
Шеесет и четиригодишниот Виталиј Чуркин, кој на местото руски амбасадор на Ист Ривер го замени Сергеј Лавров, ќе остане запаметен по острите дуели со американските амбасадори Џон Болтон, Зал Кализад и Сузан Пауер околу Косово, блискоисточната криза, Иран …
Виталиј Иванович Чуркин роден е 1952 година во Москва. Дипломирал на Московскиот институт за надворешни работи во 1974 и тука почнал да работи, а докторирал историја на Дипломатската академија на Советскиот Сојуз во 1981 година.
Бил директор на Одделот за информирање во министерството за надворешни работи на Советскиот Сојуз и Русија, а исто така бил претставник на руското Министерство за надворешни работи и заменик министер за надворешни работи на Русија од 1992 до 1994 година.







