Необичен инцидент на изборите во Бугарија: Баба го изеде гласачкиот документ

LinkSense.mk

На изборите во Бугарија се случи необичен инцидент кога една постара жена го изеде гласачкиот документ.

Според зборовите на претседателката на локалната комисија, Снежана Ангелова, 74-годишната жена користела апарат за машинско гласање, но после добивањето на потврдата се предомислила и побарала да и се овозможи повторно да гласа.

Откако барањето и било одбиено, старицата одбила да им ја предаде потврдата на членовите на изборната комисија, како што налагаат прописите.

Наместо тоа, почнала да бега од избирачкото место и во од го изела документот.

Бугарската национална телевизија наведува дека таков акт не е предвиден со изборниот законик.

„Се обратив до Окружната комисија, затоа што за 25 години колку што сум на чело на изборната комисија вакво нешто не ми се случило. Ми рекоа дека потврдата која недостасува во списокот треба да се заведе како – изедена“, изјави Ангелова.

Во Бугарија денеска се одржаа третите парламентарни избори оваа година, а во исто време и претседателски избори.