Министерот за економија на Србија, Раде Баста, предложи да се урне зградата на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде што беше извршено злосторство, пишува Нова.рс.
„Повикувам на единство на власта и опозицијата, за тоа, на местото на училиштето да се изгради спомен-парк за настраданите деца, за да остане нивниот спомен засекогаш. Сегашното школо да се сруши, а некаде во близина да се изгради ново“, напиша Баста на Инстаграм.
Заедно со овој несекојдневен предлог, тој објави и скриншот од РТС во кој член на Советот на родители на ова училиште, Милена Васиќ, вели дека децата сакаат да се вратат во училиште, но не на ова место.
Да потсетиме, во ова школо се случи невиден масакр кога ученик уби осум деца и чувар, а рани уште шест деца и наставник по историја.
(Фото: Анадолу / АФП)







