Несреќа во САД: Товарен воз со опасни материи излета од шините

Железничката композиција на компанијата „Јуниор Пацифик“ која транспортирала опасни материи излета од шините по што избувна пожар.

Несреќата се случила кај градот Сибли во американската држава Ајова.

Локалните власти наредија евакуација на осумдесетина луѓе чии домови се во радиус од пет милји од местото на настанот, но за сега нема податоци за жртви.

Од шините излетаа 47 вагони, а во тек е истрага за причините за оваа несреќа, соопштија од седиштето на „Јунион пацифик“, пренесе Ројтерс.

Според зборовите на началникот на локалната противпожарна служба во цистерните и вагоните се пренесувале амонијак и минерални ѓубрива.