Несреќа на американска нуклеарна подморница, повредени 11 морнари

Американската нуклеарна подморница УСС „Конектикат“ се судри со неидентификуван објект во текот на пловидбата во Индо-пацифистичкиот регион, соопшти денеска прес службата на Пацифистичката флота на американската морнарица.

Подморницата за брз напад од типот ССН 22 удрила во објект додека била под вода на 2 октомври попладнето во меѓународните води во Индо-пацифистичкиот регион.

Безбедноста на екипажот останува главен приоротет на морнарицата, се истакнува во соопштението во кое се додава дека никој не се здобил со повреди опасни по живот.

Во инцидентот се повредени 11 морнари. Тие се здобија со лесни или средни повреди“, стои во соопштението.

Подморницата е во стабилна состојба, нуклеарните погонски мотори и простори на „Конектикат“ не се погодени и се потполно оперативни.