„Нестле“ испраќа 1,5 милиони кутии бебешко млеко во САД

LinkSense.mk

Швајцарската прехранбена компанија Нестле им обезбеди на Соединетите Американски Држави 1,5 милиони кутии со храна, адаптирано млеко за доенчиња, за да го ублажи недостигот, соопшти американската Администрација за храна и лекови (ФДА).

Од јули до октомвриНестле“ во САД, благодарение на ублажените прописи за увоз, ќе испрати „Гербер Гуд Старт“, од Мексико, и од јуни до октомври „НАН Про 1“, од Германија.

На американскиот пазар, така, од летото ќе бидат достапни 1,1 милион килограми „Гербер Гуд Старт“ и 800.000 килограми „НАН Про 1“.

Американското министерство за здравство и социјална заштита сега ја проценува можноста за што е можна поскора испорака на храната во САД, соопшти ФДА.

Нестле“ во мај во Америка испорача бебешка храна од Холандија и од Швајцарија, истакнувајќи дека овие производи се приоритет бидејќи се наменети за бебиња алергични на протеини во кравјото млеко.

Компанијата тогаш додаде дека фабриките за адптирано млеко за доенчиња работат со полна пареа, нагласувајќи дека ја подобрила нивната достапност до трговците на мало, онлајн продавниците и болниците.

Понудата на приспособено млеко за доенчиња во Америка нагло опадна во февруари откако Абот нутриција, најголемиот американски производител, ја затвори фабриката во Мичиген и ги повлече најпопуларните формули поради контаминација со бактерија поврзана со смрт кај бебиња.

За да се реши проблемот со недостигот, ФДА ги повика производителите ширум светот да извезуваат храна за бебиња во САД. Британскиот Кендал Нутрикаре испрати околу два милиони кутии Кендамил до јуни.

Белата куќа неодамна објави дека со летови на „Јунајтед Ерлајнс“ ќе стигнат повеќе од осум милиони шишиња бебешка храна од Австралија и од Велика Британија.

Американски воен авион неодамна од Германија во Индијанополис пренесе 39 илјади килограми приспособена храна за бебиња, напоменува ДПА.