Нетанјаху: „Ќе продолжиме да враќаме со сила!“

На осмиот ден од израелско-палестинскиот конфликт, премиерот на Израел во заминување, Бенјамин Нетанјаху, даде збор дека Израел „ќе продолжи да враќасо сила“ на ракетните напади на Хамас.

Во вчерашните воздушни удари на израелската воена авијација загинаа најмалку тројца Палестинци, соопштија здравствени официјални лица, а припадниците на Хамас продолжија да го ракетираат Тел Авив и ги примораа граѓаните да се повлечат во засолништа.

Меѓународната заедница ги повика двете страни да ја запрат ескалацијата на судирот, а претседателот на САД, Џо Бајден, во вчерашниот телефонски разговор со Нетанјаху и со палестинскиот лидер Махмуд Абас изрази загриженост поради актуелната состојба.

Седницата на Советот за безбедност при Обединетите нации за судирот Израел – Палестина е закажана за денеска попладне.