Во „нефер услови“ се одвиваше кампањата пред турскиот референдум за проширување на претседателските овластувања, а пребројувањето на гласовите го одбележаа доцна прифатени измени со кои се поништени клучни безбедносни норми, соопштија денеска меѓународните набљудувачи.
Референдумот беше одржан во нефер услови во кои двете страни во кампањата немаа еднакви можности, изјави Везар Флорин Преда од заедничката мисија на ОБСЕ/ОДИР/ПССЕ
Преда додаде дека со доцни измени во процедурата за пребројување гласови се поништени важни безбедносни норми, а притоа мислеше на одлуката на властите да дозволат употреба на гласачки ливчиња без официјален печат.
Правната рамка останува неадекватна за одржување вистински демократски референдум, се вели во заедничко соопштение.
Тој рече дека и фактот што референдумот се одржува во вонредна состојба во државата ги кочи основните слободи.
Шефот на мисијата на ОБСЕ, Тана Зулуета рече дека сите луѓе кои биле приморани да ги напуштаат своите домови во југозападните области во кои имало безбедносни операции, биле соочени со потешкотии во гласањето.
За време на кампањата некои официјални лица ги изедначуваа затворениците за негативно гласање со терористи, изјави таа. Со тоа според неа, се прекршени принципите на ОБСЕ во врска со слободата и еднаквоста во кампањата.







