Агенцијата за борба против дрога на Нигерија заплени рекордни 1,8 тони кокаин во вредност од 278 милиони долари во магацин во Лагос.
Уапсени се пет лица, меѓу кои и директорот на магацинот, а заплената е извршена во неделата, соопшти Националната агенција за спроведување на законот за борба против дрогата.
Агенцијата наведува дека осомничените се членови на меѓународен клан по кој се трага од 2018 година.
Кокаинот е пронајден во магацин на имот во регионот Икороду, од каде што нарко картелот требало да го дистрибуира во Европа, Азија и други делови од светот.
Дрогата била спакувана во 10 патни торби и 13 тапани, соопшти агенцијата.
Во Западна Африка минатата година се зголемија заплените на дрога, што покажува дека континентот стана центар за пренос на наркотици меѓу Јужна Америка и Европа.
(Фото: „Премиум Тајмс“)