Николов објави победа на изборите во Штип

На Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип кандидатот за градоначалник на СДСМ Сашко Николов со членовите и симпатизерите ја слават, како што велат, победата на денешните избори за градоначалник во Општина Штип.

Николов најави дека прв приоритет ќе му биде формирање на фонд за заштитни маски со којшто секој граѓанин ќе добие бесплатна заштитна маска, по што, како што рече, ќе се зафати со сите инфраструктурни проблеми, но и со реализација на сите проекти кои се во тек.

Се очекува во промотивниот штаб на кандидатот за градоначалник во 21 часот да пристигне и лидерот на СДСМ Зоран Заев.

На прес-конференција ќе се обратат заедно Заев, Николов и генералниот секратр на СДСМ Љупчо Николовски.

Од Општинската изборна комисија информираат дека почнува пристигнувањето на првите избирачки кутии кои членовите на избирачките одбори ги имаат изброено.

Во рок од еден час пристигнати се осум од вкупно 77 избирачки места.