Ништо од легализацијата: Јапонија не дозволува истополови бракови

LinkSense.mk

Јапонскиот суд денеска пресуди дека забраната за истополови бракови е уставна.

Ова е втора ваква пресуда во единствената земја членка на Г7 каде што истополовиот бракот не е дозволен.

Истовремено, окружниот суд во Токио во образложението на пресудата наведува дека непостоењето на правна рамка за геј двојки да основаат семејство ги крши нивните човекови права, во што осумте подносители на тужбата, четирите истополови двојки, гледаат трошка надеж.

Јапонскиот устав го дефинира бракот како заедница заснована на „заемна согласност на двата пола“.

Владејачката партија на премиерот Фумио Кишида засега не покажува дека има намера да го разгледа ова прашање или да предложи закон.

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)