Се појави нова аудиоснимка на Јутјуб од разговор меѓу Кичеец и Мицкоски

„Сашо никогаш не дојде во партија, скршен од мака“, му вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Зоран Милевски Кичеец, еден од осудените во случајот„Рекет“ во последната аудиоснимка што утрово е објавена на Јутуб каналот.

-Сашо даде два пати по 5.000 евра за автобусите за 2 јуни, тоа е од Сашо донација, додава Мицкоски.

Разговорот, најверојатно, се однесува на начинот на кој биле платени автобуси за протестот што го организираше опозицијата пред Владата на 2 јуни 2018 година.

На снимката, која трае дваесеттина секунди, се слуша и Кичеец која на Мицкоски му кажува дел од „некои муабети“ што ги слушнал.

 

 

 

МИА